(ФОТО) Судот го бара Керим, а тој во прв ред во Собранието

Срѓан Керим денеска не се појави во суд на денешното судско, подготвително рочиште, во Основниот суд Скопје 2 – Скопје на кое требаше да се донесе одлука со која за фирмата „Медиа Принт Македонија“ ќе се дозволи отворање на стечај.

Во судот на подготвителното рочиште беа дојдени предлагачи на стечај, претставници на физички и правни лица кои се јавуваат како доверители, времениот стечаен управник Живко Калков, но немаше претставник на „МПМ“.

Судијкта, Ирена Петрушевска, во записник констатира дека должникот, МПМ, нема уредно примена достава за присуство“ и дека нема добиено предлог за отворање на стечај.

Неприсуството на овластени претставници на „МПМ“ е единствената причина поради која судијката Петрушевска мораше да донесе решение со кое новото рочиште го презакажа за осми, следниот месец.

Наместо утрово да се појави во судот, Керим денеска седеше во првата редица во Собранието на РМ кадешто Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше обраќање.

Првата редица во парламентот по протоколт е резервирана за претставници на институциите, челните луѓе на највисоките државни институции, лидерите на верските заедници.

Во иста редица седеа и премиерот Зоран Заев и Стево Пендаровски, национален координатор на НАТО.
Во првата редица седеше и поглаварот на МПЦ Г.г. Стефан и Началникот на генералштабот на АРМ Методија Величковски.

Керим најверојатно бил поканет на седницата како претседател на 62 генерално Собрание на Обединетите нации, функција што на која беше избран во 2007 година, на предлог на тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.