(Фото) Соборен рекорд: Во Војводина направен најдолгиот колбас во светот
Во селото Турија во близина на град Србобран во Војводина вчера беше претставен најдолгиот колбас на светот – долг вкупно 2.034 метри и тежок 2,5 тони.
Колбасот, со кој мајсторите од Турија сакаат „да го поправат“ својот Гинисов рекорд за најдолг колбас поставен во 2013 година, беше презентиран во рамки на манифетацијата „Туриска колбасијада“, што традиционално секоја година се одржува во ова село во Војводина.
Џиновскиот колбас замотан во целофан на 34-та „Колбасијата“ беше донесен со трактор и во придружба на тамбураши.
Колбасот, кој содржи месо, пиперки, лук, сол и бибер наполнети во природни црева, беше продаван на заинтересираните купувачи на метар.