(Фото) Рускиот „Вог“ слави јубилеј со Шајк, Поли и Водијанова


Русија – Руското издание на „Вог“ оваа година ја прославува 20-годишнината од своето постоење. Како специјални ѕвезди познатото модно списание ги покани топ-манекенките со руско потекло – Ирина Шајк, Наташа Поли и Наталија Водијанова да ги красат страниците на јубилејното издание.

Убавите Русинки во креации од врвни модни куќи позираа заедно пред објективот на реномираниот фотограф Џампаоло Згура.