(ФОТО) Протест против законот за употреба на јазиците

Пред Владата на РМ денеска се одржа протест против законот за употреба на јазиците, што македонското Собрание го донесе на 14-ти март.

Присутните граѓани се собраа да го искажат својот револт против овој закон и му порачаа на претседателот Иванов да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во Македонија“.

Вчера имаше протести и низ неколку градови низ Македонија, главно пред домовите на пратеници од СДСМ кои гласаа за законот за употреба јазиците.