(Фото) Презимето Кашоги: Познато во светот на бизнисот и шоу бизнисот

САД–  Ѕверското убиство на  новинарот на „Вашингтон пост“ во саудискиот конзулат во Истанбул Џамал Кашоги- го исфрли на површина подзаборавениот негов чичко Аднан Кашоги, бизнисмен и дилер на оружје, еден од најбогатите луѓе во светот во 80-тите, со богатство од 4 милијарди долари. Кашоги почина лани на 82 години од Паркинсонова болест во Лондон.

Додека неговите ривали беа познати по зделките и дискретноста, Кашоги беше познат по забавите со шампањско и кавијар и со дружењето на славни личности од Холивуд.  Во една прилика, завршениот дипломец на „Стенфорд“  направи озборувана забава за Лиз Тејлор во Истанбул по нејзината операција од рак, или пак друга забава за која ја ангажира групата „Квин“ да ги забавува славните гости. Живееше луксузен живот, дури едно време поседуваше замок во Кан, Франција. Зад себе остави богатство од 2 милијарди долари, а познато беше дека трошеше на ден по 150 илјади долари до скандалот со оружје за Иран во 80-тите во кој беше вмешан, во време на мандатот на Роналд Реган. Се женеше три пати, а малку е познато дека неговата сестра Самира Кашоги е мајка на бизнисменот Доди Ал-Фајед, последниот партнер на принцезата Дајана која со него почина во автомобилската несреќа во Париз во 1997 година.

Малку е познато и дека славната јахта на Кашоги, наречена Набила, по неговата ќерка, на крај заврши во рацете на Доналд Трамп, сегашниот претседател на САД.