(Фото) Ноќ на вештерките: Хајди Клум е кралица на маските


САД- Иако другите славни личности од Холивуд имаат добри маски, секоја година за Ноќта на вештерките,  најочекуваната и најдобрата маска е на манекенката Хајди Клум.

Таа ја доби титулата „кралица на Ноќта на вештерките“ и секогаш ги надминува очекувањата со нејзините легендарни маски за кои подготовките почнуваат месеци претходно.

Овојпат, на нејзината забава во Њујорк, 45-годишниот супермодел се маскираше во принцезата Фиона, а нејзиното момче Том беше Шрек.

За разлика од многумина кои само ставија готови маски на нив, маските на Том и Хајди беа специјално правени за нив, со многу шминка и простетика, па токму затоа изгледаа премногу реално, бидејќи е обрнато внимание на секој детаљ – од уши, до огромни дланки и стапала.