(Фото) Нов стил или реклама: Поп-ѕвездата Каролина позира во фармерки


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин е на врвот на листата на најубаво облечени јавни личности кај нас, ама одамна не сме ја виделе во фармерки, ниту на формални ниту на неформални настани. Во што е трикот? Го менува стилот или позира за реклама?

Летната фотосесија за италијанскиот бренд „Лиу Џо“ е направена во една урбана средина во околината на архитектурата на МОБ во Скопје.

Каролина носи Amazing Fit фармерки кои е удобни и ги истакнуваат облините на секоја жена и девојка, нејзината посебност и заводливост.