(ФОТО) Новогодишната атмосфера на семејството Заеви во Солун


Македонскиот премиер Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица, неговиот брат Вице и снаата Славица, ја дочекаа новата година во хотелот „Македонија палас“ во Солун.

Фотографија од новогодишната атмосфера објави Славица Заева на својот Фејсбук профил.

Премиерот Заев неколку дена во празнична атмосфера престојуваше во Солун, а беше и на приватна вечера во градоначалникот на градот Јанис Бутарис.

– За мене беше големо задоволство што имав вечера со градоначалникот на Солун и неговиот кабинет. Јас исто така сакам да ја искористам можноста да им посакам среќна Нова година на сите граѓани на Грција и на граѓаните на Солун. Секогаш ми е задоволство да бидам тука, рече македонскиот премиер на излегувањето од солунскиот ресторан – рече Заев по завршувањето на вечерата.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис рече дека не разговарале за политчки теми и дека вечерата е од приватен карактер.

– Имавме многу убава вечера со господинот Заев. Вечерата беше чисто од приватна природа затоа што не поврзува приватен однос и се надевам дека набргу ќе дојде повторно – рече Бутарис по завршувањето на вечерата.