(ФОТО) На Водно уништени повеќе клупи и информативни табли
Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека изминатиов период чуварските служби на реонот во парк-шумата „Водно“ забележале дека се уништени повеќе парковски елементи, како клупи летниковци, информативни табли и корпи за отпадоци.
– Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк-шумата „Водно“ увидоа уништување на повеќе парковски елементи. Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите. Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк–шумите, парковите и урбаното зеленилото. Оттука апелираме до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата – велат од ЈП „Паркови и зеленило“.