(ФОТО) Министерот Тевдовски одбележа 40 дена од раѓањето на ќеркичката Сара


Министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со неговата сопруга Анита и трите ќеркички ја започнаа новата година со одбележување на 40 дена од раѓањето на најмалата Сара.

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е со неговото семејство пред црквата Пресвета Богородица во Скопје.

Тевдовски ги честиташе новогодишните празници и на граѓаните им посакат многу здравје, среќа и успех.

Тој додаде дека тие имаат убав почеток годинава со одбележувањето на 40 дена од раѓањето на ќеркичката Сара.