(Фото) Лоба со две нови песни: Санторини ме освои
Поп-пејачката Викторија Лоба сними две нови песни. „Feel It“ на англиски и „Над небото“ на македонски јазик се во т.н. дип хаус музички правец.
Автори на композициите се македонските продуценти Marga Sol и Darles Flow, а Лоба го напиша текстот за македонската верзија.
„ Време е публиката да чуе поразлични песни од мене“, изјави Лоба.
Спотови се изработени од Дарко Митев и се снимени на островот Санторини во Грција. Лоба во спотовите е облечена во креациите на модниот дизајнер Папаз.
„Првиот пат кога бев на Санторини, тој остров ме освои, дефинитивно има своја магија и сакав да направам видео запис. Имавме неколку дена снимање со целата екипа, огромна благодарност до сите кои беа дел од патувањето. На сите љубители на македонската музика како што ветив, во ек се последните подготовки од мојот албум кој ќе биде подарок за нив, полн со многу емоции, љубов и енергија“, додаде Лоба.
Албумот се очекува да излезе на музичкиот пазар до крајот на годината на македонски и англиски јазик со работен наслов „Нов Свет“.