(Фото) Курц пристигна во Скопје
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска пристигна во официјална посета на Република Македонија.
Тој заедно со австриската делегација беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.
– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.
Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.
Фото: Борис Грданоски