(Фото) Апартманот на Бурдејн се рента за 14 илјади долари месечно


САД-Апартманот на славниот готвач Ентони Бурдејн (61) на Менхетен, Њујорк, два месеца по неговото самоубиство во Франција се рента за 14, 200 долари месечно.  Сместен на 64 спрат во Time Warner Center е луксузен, со две спални, два тоалета, со поглед на Централ парк, со 24 часа домар, клуб за вежбање, спа, кино и гаража. Овој апартман не е единствениот што го има на Менхетен. Во 2014 година го издаваше и апартманот  во кој живееше со екссопругата Отавиа Бусиа, пред да се разделат. Сега таму живее екссопругата и ќерката.

Бурдејн остави наследство од 2 милиони долари, дел во кеш, дел во недвижнини кое ќе и припадне на единствената ќерка, Ариана (11). Мебелот, автомобилие, книгите и облеката ги оставил на девојката, актерката Асиа Арџенто.