(Фото) Ангелите на „Викторијас сикрет“ во нова рекламна кампања


САД– Ангелите на „Викторијас сикрет“ повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна кампања. Кампањата е насловена ‘Body by Victoria’.

Топ моделите со тела од соништата, Џозефин Скривер, Лаис Рибеиро, Тејлор Хил, Елса Хоск и Џасмин Тукс се главни протагности во новата кампања на американскиот бренд на долна облека.

Акцентот на колекцијата е на деликатната чипка, но и памучната долна облека која е многу пријатна за носење. Од палетата на бои доминираат пастелните розови нијанси, тиркизната и модро сината во нијанса на слива.

„Викторијас сикрет“ секоја година, во декември, традиционално ја одржува најскапата ревија на светот со најубавите манекенки, најаскапите градници и настап на поп-ѕвезди во текот на ревијата.