(ФОТО/ВИДЕО) Најстуденото место во светото повторно урива рекорди

Ојмјакон, зафрлено сибирско село, кое се смета за најстудено постојано населено место во светот, оваа година е погодено од екстремно ниски температури, дури и за тамошните стандарди.

Вообичаените зимски температури во Ојмјакон се движат од минус 40 до минус 50 Целзиусови степени.

Оваа година, сепак, зимата е особено студена, а официјалната метеоролошка станица забележа минус 60 Целзиусови степени.

Интересно е што храната што се продава на пазарот во Ојмјакон воопшто не треба да се замрзнува затоа што температурата на отворено и онака е доволно ниска.

Од друга страна, новиот електронски термометар измери минус 62 степени, додека некои жители тврдат дека температурата паднала дури на минус 68 Целзиусови степени.

Официјалната најниска досега измерена температура од минус 68 степени била измерена во далечната 1933 година од метеоролошката станица „Тотор“.