Фонсека: Рома е силен домаќин, не чека тежок меч


Тренерот на Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека очекува многу тежок натпревар против Рома на „Олимпико“ во утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите. Украинците имаат предност од 2:1 по првиот натпревар.

– Не очекува многу тежок натпревар, бидејќи Рома е во многу подобра форма во последно време со пет победи во последните шест натпревари во италијанското првенство. На „Олимпико“ тие не дозволија гол против Челзи и Атлетико Мадрид во групната фаза на Лигата на шампионите. Тешко е да посочам еден или двајца најопасни играчи на противникот, бидејќи Рома има многу силни фудбалери, рече Фонсека.

Фонсека е на мислење дека неговиот тим треба да биде многу солиден во одбраната, за да ги издржат нападите на „волчицата“

– Мислам дека Шахтјор е подготвен да ја покаже својата игра. Ако не успееме да го направиме тоа, Рома ќе не елиминира. Мислам дека сме во добра форма. Подготвени сме физички и психички. Имаме некои проблеми со повредите, но не мислам дека тие ќе ни се одразата, додаде тој.