Фиорентина се прости од капитенот Давиде Астори


Во траорна атмосфера на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца, играчите и навивачите на Фиорентина се простија од капитенот Давиде Астори, кој ненадејно почина пред една седмица.

Пред натпреварот против Беневенто, прв по смртта на фудбалерот, се беше во знакот на Астори.

Беа пуштени балони, а во негова чест играчите на двете екипи излегоа во дресови со бројот 13.

Навивачите направија кореографија на трибините и беа испратени пораки дека засекогаш ќе остане капитен на Фиорентина и дека неговиот дух ќе живее на стадионот „Артемио Франки“