Феј Данавеј и Ворен Бити и годинава ќе го доделат Оскарот за најдобар филм


САД- Актерите Феј Данавеј и Ворен Бити и годинава ќе го доделат Оскарот за најдобар филм. Актерите минатата година згрешија при прогласувањето за најдобар филм. Дури откако екипата на „Ла Ла Ленд“ се качи на бината Данавеј и Бити сфатија дека добиле погрешно плико. Добитникот беше „Moonlight“. Данавеј минатата година изјави дека се чувствува исклучително виновна поради грешката, иако на бина доби погрешно плико.

Актерите Данавеј и Бити заедно играа во филмот „Бони и Клајд“ во 1967 година.