УНХЦР бара ЕУ да не се откаже од планот за рамномерна распределба на мигранти
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска ја повика Европската унија да не се откажува од концептот на рамномерна распределба на барателите на азил меѓу државите членки.
Некои од членки на ЕУ, како Германија, Шведска и Грција, кои примија најголем број бегалци за време на мигрантскиот бран во 2015 и 2016 година, инсистираат на нивна прераспределба во сите земји на ЕУ, но дел од нив, како Полска и Унгарија, одбиваат да примат мигранти кои веќе аплицирале за азил во други држави.
Помошник комесарот во УНХЦР, Вокер Турк изјави дека од апсолутно круцијално значење е ЕУ да остане посветена на програмата за распределба на мигрантите.
Турк ги повика државите на ЕУ да примат поголем број мигранти и да помогнат да се намали бројот на случаи мигрантите да мораат да патуваат преку долги и опасни транспортни коридори до Европа.