Турција: Издадени налози за апсење на 70 лица


Турското обвинителство издаде налози за апсење на 70 луѓе, меѓу кои и 58 војници на должност, во рамките на истрагата против приврзаниците на муслиманскиот имам Фетулах Ѓулен кој е обвинет за организирање на воен удар во 2016 година, јавија денеска локалните државни медиуми.

Во центарот на операцијта била турската провинција Конија, а полицијата спровела паралелени претреси во 27 провинции. Од 70 осомничени, 12 досега добиле отказ од армијата.

По неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, апсењата на осoмничени за поврзаност со Ѓулен станаа вообичаена секојдневна активност на полицијата.

Од тогаш се приведени повеќе од 50.000 луѓе, меѓу кои илјадници се припадници на безбедносните и јавните служби, кои чекаат судење, додека околу 150.000 се отпуштени или суспендирани.