Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“.

Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола.

– Во насока на реализирање на основните стратешки определби и цели за интензивирање на инвестициските и извозните активности, како основен предуслов за динамичен економски раст и развој, поддржани со вложување во инфраструктурата, како и поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување, Стопанската комора на Македонија, сите активности безрезервно ги насочува во реализирање на така поставените цели, се наведува во соопштението од Стопанска комора.