Токио 2020: Еве како ќе изгледа новиот олимписки факел
Јапонија- Промовиран е Олимпискиот факел за Олимписките игри во Токио во 20120. Ремек-делото е инспирирано од цвет, а создадено е од Такујин Јошиока.
„Дизајнот се роди кога почнав да цртам симболи на цвеќиња со децата во овој дел од земјата која се опоравува. Цветовите кои тие ги цртаа беа весели, симболизираа сцени каде луѓето се опоравуваат од катастрофата. Имав за цел да ја претставам нивната сила на целито свет преку својот дизајн во 2020 година. Олимпискиот пламен ќе помине низ Јапонија, осветлувајќи ни го патот“, изјавил дизајнерот Јошиока.