Црна Гора: Тито се враќа во Титоград
Подгорица, главниот град на Црна Гора, кој во СФР Југославија го носеше името Титоград, ќе добие споменик на некогашниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
Одлуката градските власти ја донесоа вчера. Градоначалникот Иван Вуковиќ, кој е и иницијатор на идејата, смета дека подигањето споменик на Тито не е југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува цврсто на своите антифашистички определби, пренесуваат „Јутарњи вијести“.
– Антифашизмот во Црна Гора е жив и земјата нема да скршне од тој пат. Титовиот режим не беше демократски, но другите опции беа многу полоши – изјави Вуковиќ.
Во образложението се истакнува дека на овој начин се овековечува споменот за истакнат револуционер, антифашист и државник кој ги почитувал Црна Гора и нејзината историја.