Тилерсон: Мојата функција ќе заврши на полноќ на 31 март


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека ќе ги пренесе своите обврски до крајот на работниот ден на својот заменик Џон Саливан.

Во обраќањето пред јавноста, Тилерсон рече дека официјално ќе замине од функцијата до крајот на овој месец.

– Мојата функција како државен секретар на САД ќе заврши на полноќ на 31 март. Во меѓувреме ќе се осврнам на некои административни прашања кои влијаеја за моето заминување и ќе работам за прилагодување на се за мојата замена Мајк Помпео, нагласи Тилерсон.

Тој изјавата ја даде неколку часа откако претседателот Доналд Трамп објави преку Твитер дека го разрешува од функција.

Тилерсон ги охрабри службениците во Стејт департментот да останат фокусирани на своите обврски.

-Би сакал да му се заблагодарам на целиот тим за досегашната соработка. Ќе се обидам целата транзиција да помине без проблеми, нагласи Тилерсон.