Кичево: Бесплатна теоретска обука за опрема и движење низ планина


Предавања на темите „Основи на движење низ планина” и „Основна планинарска опрема” наменети за почетници и искусни планинари же се одржат на 11 декември на Меѓународниот ден на планината.

Настанот е во оргнизација на планинарското еколошко друштво „Ендорфин” од Кичево во соработка со Културниот центар „Кита” исто од Кичево.

Покрај предавањата ќе биде проектирана и презентација за дел од досегашните искуства на членови на Друштвото.

Истовремено, ПЕД „Ендорфин” ќе врши упис на стари и нови членови за 2018 година.

По предавањата и презентациите ќе следува дружба пропратена со музика по избор на пријателите на Кита.

Настанот ќе се одржи во КЦ „Кита” под НУЦК „Кочо Рацин” – Кичево (старо клуб Тунел) во 19:30 часот. Влезот е слободен.