Тевдовски: Успешно се справуваме со јавниот долг

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека Владата успешно управува со јавниот долг и оти очекува тој следната година да се заврши под проектираното ниво од 54,2 проценти или не повеќе од 600 милиони евра.

– Работиме на стабилизирање на јавниот долг. Тоа го правиме со намалување на буџетскиот дефицит, кој и сега е намален. На крајот на 2018 година имавме проекција дека ќе биде 50 проценти јавниот долг од БДП, но во суштина тој е 48,2 проценти. Нашата проекција за  следната година е 54,2 проценти, но наша проценка е дека тој ќе биде понизок, рече Тевдовски на денешната прес-конфернеција во Владата на која заедно со премиерот Зоран Заев го презентираа Предлог-буџетот за 2019 година.

Тој потенцира дека Владата успеа да ја забави динамиката на раст на јавниот долг и оти обебзедува по најниска цена средства за негово финасирање.

Според него, 54,2 проценти е максималната проекција и дека таа ќе зависи од реализацијата на капиталните проекти, а кај кои се очекува позабрзана реализација.

Министерот појасни дека она што ќе го зголеми јавниот долг е влечењето на средставата од кредитите за реализација на капиталните проекти, како што е случајот со автопатот Кичево – Охрид и новиот кредит од 200 милиони евра во Ексим банка.