Тајно се омажи актерката Робин Врајт
САД– Актерката Робин Врајт (52) , ѕвездата на серијата „Кула од карти“ се омажи тајно во Провансa, во Франција со помладиот избраник Клемен Жирод, менаџер за ВИП клиенти во „Ив Сен-Лоран“. Двојката јавно се појави лани, апо одморот на Капри реши тајно да се венча, пренесува Вог Париз. Свадбата ја откри ќерка и на Робин постирајќи фото на социјалните мрежи.
Младоженецот пред ангажманот во модната куќа „Ив Сен-Лоран“ работел во Диор и во Балмен.
Ова е трет брак за Врајт. Беше мажена за Ден Витерспун од 1986 до 1988 година, а од 1996 до 2000 беше во брак со колегата Шон Пен со кого има две деца-синот Хопер (24) и ќерката Дилан (26).