Тачи апелира на ратификација на договорот за границата со Црна Гора
Косовскиот претседател Хашим Тачи, побара договорот за демаркација на границата со Црна Гора да биде ратификуван во текот на овој месец.
Наспроти тврдењето на новата државна комисија за определување на граничната линија дека Косово со првиот договор губи дел од својата територија,Тачи е категоричен дека истиот е праведен и треба да се ратификува.
– Условот на Европската унија за Косово е неправеден, но неправедна е и не ратификацијата на овој договор од страна на косовското собрание. Затоа, јануари е последниот момент за да најдеме консензус и да го ратификуваме овој договор. Само тогаш ќе ставиме крај на неправедното изолирање на граѓаните на Косово, изјавил претседателот Тачи.
Тачи посочува дека прашањето на демаркацијата не треба повеќе да се одложува и дека треба да се реши што е можно побрзо со цел да се отворат патиштата на Косово кон ЕУ.
Инаку, за следнот понеделник,15 јануари,закажана е седница на парламентарната комисија за надворешна политика на која ќе се разгледува Предлог-законот за дематркацијата на границата со Црна Гора,на која треба да се одлучи дали ќе оди или не на усвојување во Собранието.
Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е потпишан во август 2015 годна во Брисел,на кој стои потписот на Тачи,кој тогаш беше премиер.
За разлика од косовската,црногорската страна документот го има ратификувано.
Покрај другите црногорски фнкционери, и шефот на државата Филип Вујановиќ, кој престојуваше во официјална посета на Албанија,на 11 декември, јасно му порача на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека договорот за демаркација на границата со Косово за неговата земја е завршена работа.