СЈО бара затворска казна за Талевска

Специјалното јавно обвинителство се премисли и до скопскиот Апелационен суд вложи жалба, по изречена условна осуда за Ивона Талевска, за даночно затајување на повеќе од 45.000 евра.

Како што информираат од СЈО за правосудство.мк од повисокиот суд се бара да ја преиначи условната казна и да и досуди ефективна затворска казна.Во жалбата се бара и повисока парична казна за Талевска како физичко лице,како и поголем износ на парична казна како правно лице. Истовремено, СЈО му предлага на Апелациониот суд да се одржи и јавна седница,на која ќе се расправа по нивната жалба.
Имено, како што веќе пренесоа некои медиуми СЈО донело одлука со која ќе се обжали неправосилната пресуда којашто беше изречена пред еден месец во скопскиот кривичен суд, а која се однесува на передметот со кодно име: „Тифани“ и во кој како единствена обвиената се јавува Талевска со нејзините фирми „Смарт груп“ и „Смарт центар“.

Жалбата поденесена до повисокиот суд е по малку зачудувачка, дотолку повеќе што со условната казна за Талевска беше задоволна и Обвинителката Елизабета Јосифоска. Имено, Јосифоска потврди дека затаениот данок од едната фирма изнесува 1.382.108 денари, од вкупно „легнатите“ средства во висина од 16.187.313 денари, а дека на сметката на другата фимра имало уште 15.589.333 денари, но дека Талевска и тука избегнала плаќање на данок во висина од 1.671.611 денари.

 

извор: Правосудство.мк