СЈО и ревизори го „чешлаат“ ЈП „Водовод и канализација“


Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат работењето на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје, открива во интервју за телевизија 24, директорот Душко Весковски. Меѓудругото, истакна дека адвокати и нотари остварувале солидни финасиски бенефити од претпријатието, се делеле бонуси за навремено доаѓање на работа, па дури и дека имало апсурдни вработувања. „Стоматолог бил вработен во лабараторија на водовод“, изјави Весковски. Директорот информираше дека претпријатието плива во долгови. Еден од најголемите должници бил Клинички центар, а неплатени сметки за вода имале и други државни институции.