СФФ: Главна награда за бугарскиот филм „Ага“


Филмот „Ага“ на бугарскиот автор Милко Лазаров ја освои наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар филм на 23. издание на овој фестивал на југоисточниот европски филм.

Романката Јоана Урикару е најдобар режисер благодарение на филмот „Лимонада“, а најдобри актери се Унгарката Зофија Самози за улогата во филмот „Еден ден“ и хрватскиот актер Леон Лучев во филмот „Товар“ на српскиот режисер Огњен Главониќ.
За најдобар документарен филм е прогласен „Србенка“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска, „Деветмесечна војна“ на Унгарецот Ласло Чује доби специјална награда на жирито, а „Араф“ на турскиот режисер Дидем Пекун доби Награда за човекови права.
„Срцето на Сараево“ за студентски филм го освои „Последниот повик“ на унгарската авторка Хајни Кис, а автор на најдобар краток филм е Ермин Браво од БиХ за „Здив”.
Турскиот режисер Нури Билге Чејлан е добитник на годинашната награда за животно дело, односно „Почесно срце на Сараево“.