Сурфер нападнат од ајкула кај брегот на Австралија
Човекот (36) сурфал кај одморалиште 400 километри северно од Сиднеј, кога ајкулата го гризнала за нозете.
Тој успеал да стигне до брегот каде што го забележал случаен минувач, кој повикал брза помош. На сурферот ми била укажана прва помош на лице место, по што со хеликоптер бил однесен во болница во австралискиот град Њукасл. Неговата состојба е тешка, но стабилна.
Ова е 24-ти напад на ајкула на брегот на Австралија оваа година. На почетокот на годинава од напад на ајкула загина едно лице.