Струмичанка и ја „олеснила“ картичката на колешката за 92.000 денари

Дваесет и шестгодишната Ц.И. од струмичкото село Градско од платежната картичка на колешката во неколку наврати бесправно одзела вкупна сума од околу 1.500 евра.

Како што соопшти МВР, полициската станица Струмица против Ц.И. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’.

– Во текот на 2016 година во маркет во Струмица, додека пријавената била на работа заедно со В.П., таа користејќи згодна прилика ја одзела платежната картичка на В.П. заедно со листот на кој бил напишан пин кодот на картичката, по што во повеќе наврати вршела нелегални трансакции во различни износи на банкомат во Струмица. На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од 92.000 денари, се наведува во соопштението од МВР.