(ВИДЕА)Столтенберг: Спорот за името мора да се реши, нема план „Б“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема план „Б“ за влез на земјата во НАТО. „Спорот со името мора да се реши“, порача Столтенберг на заедничката прес-коференција со премиерот Зоран Заев, поладнево во Владата на Република Македонија.

– Спорот за името со Грција мора да се реши. Нема друг начин за влез на земјата во НАТО. Ова беше нагласено на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а потоа повторено на Самитот во Велс во 2014 и во Варшава во 2016 година, истакна Столтенберг.

Според него, нема друг начин з авлез на земјата во Алијансата.

-Имате голем пргрес во реформите, но мора да бидеме реални. НАТО одлуките ги носи со консензус. Затоа навистина се надевам дека ќе го решите спорот со името и го поздравувам новиот моментум во преговорите. Нато не може да го реши името и да дава предлози тоа сами треба да го решите, рече Столтенберг.

Во врска со пресудата од Хаг за времената спогодба, Столтенберг смета дека е тоа е легална одлука, но дека тие носат политичка одлука за која треба да се согласат сите 29 земји членки.

Премиерот Заев ја оцени постата на генералниот секретар на НАТО како клучна за вистинско охрабрување и поддршка на нашите очекувања дека 2018 годна ќе биде историска година за Македонија, за регонот, за НАТО и ЕУ

– Не можам да не изразам задоволство од обновениот интерес на НАТО за Западен Балкан во еден значаен и чувствителен геостратегиски момент. Време е да ги внесеме во завршница процесите на интеграција на сите земји од регионот што сакаат да бидат дел од семејството на северноатланската алијанса. Ние сме подготвени да работиме заедно во остварување на таа цел, истакна премиерот.

Изрази убедување дека нашата земја ги заслужува евроатланските перспективи.

– Сериозно мнозинство од нашите граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата на РМ создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти со претседателот на државата и опозицијата за завршување на нашата интеграција во НАТО, рече Заев.

Потенцира дека Владата е силно посветена на процесот на домашните реформи што ја зајакнуваат и унапредуваат нашата демократија за да останеме во согласност со политичките критеируми за членство во НАТО.

– Верувам, потенцира, дека создаваме добар моментум за последниот заеднички исчекор и очекуваме Република Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Работиме за таа цел заедно со граѓаните и со сите наши партнери земји членки на НАТО. Тоа се персепткивите на граѓаните на Макеоднија како и за сите граѓани во регионот, посочи Заев .