Столтенберг: НАТО напролет ќе го оценат напредокот на државите што сакаат да бидат членки


Министрите за надворешни работи од НАТО напролет ќе го оценат напредокот на државите што сакаат да станат членки. Тоа го изјави денеска на прес конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека на дводневниот средба на НАТО била разгледана политиката за проширување на Алијансата. Според него, таа политика е историски успех бидејќи донела мир во Европа.

Министрите разгледале дополнителни можности за обврзување со партнерите на НАТО.

– Проширувањето е одлка на државите од НАТО и државите кои сакаат да влезат во НАТО и никој друг нема право на вето, нагласи Столтенберг.

Тој додаде дека нестабилноста вон НАТО е закана за државите од Алијансата.