Стилски двобој во Белата куќа: Белата шик елеганција на Меланија и Брижит


САД– Тоа беше блиска средба: Меланија Трамп, првата дама на САД и Брижи Макрон, првата дама на Франција, покажаа на свој начин што е шик елеганција. Меланија, за една глава повисока од Брижит, носеше екстравагантна шапка, па кога застанаа една покрај друга, таа максимално доминираше.

Едни од најпопуларните први дами во светот, 47-годишната Меланија и 65-годишната Брижит Макрон се придружија на своите сопрузи во Белата куќа. Додека американскиот претседател, 71-годишниот Доналд Трамп, и 40-годишниот француски претседател Емануел Макрон беа во строги костуми со вратоврска, двете дами се одлучија за бела елеганција.

Меланија носеше бело здолниште со молив крој и асиметрично сако стегнат со ремен во струкот. Но сепак, фокусот го стави на шапката со широк обем, со што г-ѓа Макрон остана во сенка. И таа  носеше бело, во фустан над колената и елегантно сако со модерно ланче на местото на закопчување и на џебовите.

Сакото и здолништето на Меланија се на дизајнерот Мајкл Корс, а шапката ја потпишува Ерве Пиер.