Српската комедија “Кој е тука идиот” во Скопје


Хит театарската претстава “Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1. ноември, во Дом на АРМ, во Скопје. Главните улоги во претставата која ги освои симпатиите на љубителите на квалитетна комедија на Балканот и пошироко, ја имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срџан Ивановиќ.

Претставата раскажува едноставна приказна за една современа тема, која во 1903 година ја напишала руската писателка Муза Павлова.

Во тој период во Русија, пред да стапат во брак брачните парови било потребно да добијат низа на различни потврди меѓу кои била и потврдата од психијатар.

Претставата започнува кога идниот младоженец кој го игра Милан Калиниќ, по бурната ергенска забава заминува кај психијатарот кој го глуми Срџан Ивановиќ, за да ја добие потребната потврда.

Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.