Средба Борисов-Орбан: Сега е шансата да го интегрираме Балканот во ЕУ


Бугарското претседателство на Советот на ЕУ се одвива добро – тука дојде половина Европа и тоа покажува колку важна улога игра Бугарија во европската политика, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан по средбата во Софија со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

– Разговаравме за иднината на Европа со посебен акцент на Балканот, безбедноста на границите и миграцијата, истакна Орбан.

Тој рече дека му честитал на Борисов за неговата политика, при што позитивно ги оценил контактите со Турција во однос на миграцијата.

– Ја поддржуваме соработката со Турција, бидејќи границите мора да бидат истовремено да бидат заштитени, и треба да постојат договори за ова прашање. Бугарија може да смета на нашата поддршка за ова прашање, рече Орбан.

– Сега имаме шанса да го интегрираме Балканот во Европа. Помеѓу Бугарија и Унгарија има многу земји кои сакаат да бидат членки на ЕУ. Одлична одлука е тоа што во Софија во мај ќе има голема конференција посветена на иднината на Балканот во ЕУ. Ова ќе биде решавачки конгрес, бидејќи тука треба дефинитивно да се соопшти за приемот на Црна Гора и на Србија, и да се утврдат роковите за тоа, истакна Борисов.

– Не е доволно Балканот да сбиде примен во ЕУ, туку мора да биде и вграден во Унијата преку инфраструктура, посочи Борисов.

– Од тоа ќе профитираат сите земји од регионот, но исто така ќе биде корисно и за нас. Транспортните коридори ја поврзуваат Бугарија и Унгарија низ земјите од овој регион, истакна бугарскиот премиер.