Србија: Први казни поради невакцинирање деца


Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна.

Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од заразни болести до денеска до тој суд пристигнале 508 барања за покренување на прекршочна постапка против родители кои не ги вакцинирале децата.

Маринковиќ информираше дека се казнети 15 родители, и тоа во три случаи казната е 10.000 динари (75 евра), четири родители се казнети 15.000 динари (125 евра), а во осум случаи – 30.000 динари (250 евра).