СП2018: Хрватските фудбалски легенди поканети на финалето во Москва


Русија – Хрватскиот фудбалски сојуз ги покани сите учесници од националниот тим на земјата, кои го освоија бронзениот медал на Мундијалот 1998, да присуствуваат на стадионот „Лужники“ во Москва за финалниот натпревар од Светското првенство во Русија меѓу Хрватска и Франција.

Пред 20 години, Хрватска загуби од Франција со 1:2 во полуфиналето, а потоа „петлите“ триумфираа со титулата. Во мечот за бронзениот медал, Хрватите ја победија Холандија со 2:1.

Со пласманот во финалето во Русија, „ватрените“ го подобрија своето најдобро постигнување на светските првенства, но нивните амбиции се да ја освојат титулата