Според научниците: Фреди Меркјури е најдобар пејач на сите времиња


САД– Фреди Меркјури, легендарниот покоен вокал на групата „Квин“, кој е роден на денешен ден во 1946 година, и официјално е прогласен за најдобар пејач на сите времиња.

Група на австриски, чешки и шведски научници спроведе истражување, кое го објави магазинот „Logopedics Phoniatrics Vocology“.

Иако не го тестираа урбаниот мит, според кој Меркјури располагаше со распон на гласот од полни четири октави, сепак открија некои повеќе од интересни факти за единствениот глас на неповторливиот пејач.

Пред сѐ, иако беше познат како тенор, всушност тој бил поблиску до баритон.

Тимот на научници го донесе овој заклучок, врз основа на шест интервјуа кои ги даде фронтменот на „Квин“, а кои открија дека просечната фреквенција на неговиот глас изнесува 117,3 херци.

Експертите издвоија 4.132 фрејмови во секунда, за да можат точно да утврдат како му успеваше на Фреди она што тој го правеше.

Тие заклучија дека гласните жици на Фреди, едноставно се движеле побрзо во однос на другите луѓе.

Квантитативната анализа која користеше ново воведен параметер за проценка на правилноста на вокалните вибрации, ја поткрепи својата перцептивна неправилна природа, покажувајќи ни дека (не)правилноста на вибрациите е дистинктивно обележје на гласот на пејачот“, пишува во истражувањето.