„Сојуз“ повторно полета: Спектакуларно видео од лансирањето на руската ракета

Објавено е видео од првото лансирање на ракетата „Сојуз ФГ“ по неуспешното лансирање во октомври кога се случија технички проблеми.

ЕСА објави интересно видео во кое е прикажана ракетата „Сојуз“ како полетува од космодромот Бајконур во Казахстан. На видеото се гледа како ракетата ја напушта Земјата и лета кон Меѓународната вселенска станица.

„Сојуз“ го однесе вселенскиот брод „Прогрес МС-10“ со речиси 2,5 тони храна и опрема за експедицијата на рускиот космонаут Сергеј Прокопев.