Состанок на Вучиќ и Тачи утре во Брисел


Состанок на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина ќе биде одржан утре, 8 ноември во Брисел, со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ.

Могерини ќе биде домаќин на состанокот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.

-Се очекува дека Вучиќ и Тачи на состанокот да ја потврдат нивната подготвеност во интензивирање на напорите да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите, што е од суштинска важност за нивниот европски пат, се вели во соопштението.