Сон, верба, љубов: Нов албум на Дуке Бојаџиев

Дуке Бојаџиев, македонскиот музичар кој живее и работи во САД, за новогодишните празници објави студиско издание од проектот Сон-Верба-Љубов, од коe дел од композициите беа изведени на неговите концерти минатите години, а дел се премиерно. Музиката е инспирирана од македонскиот корен и традиција, напишана и снимена во Њујорк, во периодот од 2010 до 2017 година.

На проектот учествуваа: Исмаил Лумановски (кларинет), Владимир Крстев (виолина), Ара Динкјиан (уд), Каролина Гочева (вокал), Крсте Роџевски (вокал), Наташа Петровиќ (вокал) и Матијас Кунцли (перкусии).