Смартфон LG G8 има вибрирачки OLED екран со функција на звучник

LG продолжува да открива некои детали за својот смартфон G8, а сега се појави еден многу интересен.
Смартфон користи  Crystal Sound OLED технологија која LG ја искористи за некои свои ТВ уреди, што значи дека целиот екран ќе вибрира и ќе има функција на звучник. Овие вести се потврда дека  G8 ќе биде првиот flagship од серијата на смартфони G  кој нема да користи  LCD екран.
Уредот и понатаму ќе има звучник во долниот дел за случаи кога е потребна поголема гласност, како што е користењето спикерфон.
Од LG велат дека овој звучник може да се комбинира со горниот дел на екранот за двоканален звук. Се враќа и quad DAC технологијата, што значи дека уредот ќе има и влез за слушалки, како и функција Boombox Speaker која произведува одличен звук кога смартфонот ќе се стави на маса.
LG веќе потврди дека G8 ќе има и 3D камера, а гласните говори ќе бидат во понуда и опционен друг екран како додаток. Смартфонот ќе биде претставен на Конгресот Мобајл Ворлд овој месец.