Славниот готвач Гордон Ремзи по петти пат татко


Англија– Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи, наскоро ќе стане татко по петти пат. Неговата сопруга Тана е бремена во петтиот месец, а за среќните вести, двојката најави со видео на Инстаграм.

Во видеото, тој се заблагодари за помошта на нивните четири деца – 17-годишната Матилда, Меган, која има 20 и 19-годишните близначки Холи и Џек.

Во 2016 година, Гордон и Тана очекуваа бебе, но сопругата на британскиот шеф имаше спонтан абортус.

На децата на Ремзи им е јасно дека нема да добијат наследство, кое се проценува на 160 милиони долари. Првиот  Мишелин шеф само ќе им помогне да купат дом.

“Моите пари сигурно нема да одат кај нив, но јас не го кажувам тоа на злобен начин. Јас едноставно не сакам да ги расипам. Јас само се согласив со мојата сопруга да покривам 25% од нивниот депозит за стан “, изјави витезот од Кујната на пеколот претходно овој месец.

Кулинарскиот експерт постојано кажа дека дури и при патувања, тој и Тана се во прва класа, а децата се во втора класа, бидејќи не работат и не го заслужуваат истиот луксуз.