Скопјанец почина во џамија


Седумдесет и седумгодишниот С.Ј. од Скопје почина вчера околу 13 часот додека присуствувал на молитва во џамија на улицата „Душко Поповиќ“ во населбата Бутел. Од полицијата велат дека несреќниот скопјанец имал здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.