Скопскиот концерт на „Ту челос“ од 6 презакажан за 19 октомври
Концертот на музичката атракција „Ту челос“ наместо 6 октомври ќе се одржи на 19 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски“, информира организаторот „Авалон продукција“.
Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на „Tексас“ на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, е прифатен новиот термин.
Поради падот на серверот кој е во Америка, ККЗС ги има изгубено нумерациите на досегашните продадени билети за трибини, па така сите што досега имаат купено карти, ќе имаат можност до 3 септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19 октомври.
Во периодот од денот на оваа објава до 3 септември, нема да се врши продажба на билети за концертот на дуетот за трибини, за истите да можат да се заменат за нови, додека билетите од категориите партер и фан пит остануваат во слободна продажба. Од 3 септември, сите слободни билети за трибини ќе бидат пуштени во продажба.