Скопскиот аеродром четврти пат прогласен за еден од најдобрите во Европа
Скопскиот меѓународен аеродром е прогласен за еден од најдобрите во Европа.
ASQ наградата за квалитет на аеродромски услуги во категоријата аеродроми со под два милиона патници за 2018 година на Скопскиот аеродром овој аеродром му ја додели Меѓународниот совет на аеродроми -ACI, повикувајќи се на искуствата на патниците.
ACI ја доделува наградата од Програмата за квалитет на аеродромски услуги со која го мери задоволството на патниците низ 37 клучни индикатори за успешност. Се спроведува од сертифицирани агенти за спроведување анкети со патници додека тие се на аеродромот, преку прашалници за квалитет на аеродромските услуги на ACI.
Директорот на компанијата ТАВ која стопанисува со Скопскиот аеродром, Алпер Ерсој вели дека оваа награда за Скопскиот аеродром се доделува во четврти пат. Доделена е за 2012, 2013, 2015 и сега за 2018 година.
Директорот на компанијата ТАВ која стопанисува со Скопскиот аеродром, Алпер Ерсој вели дека оваа награда за Скопскиот аеродром се доделува во четврти пат. Доделена е за 2012, 2013, 2015 и сега за 2018 година.
– Меѓународниот аеродром „Скопје“ е најбрзорастечкиот аеродром на Балканот со двоцифрена стапка на раст во последните неколку години. Како што знаете, го достигнавме два милионитиот патник за една година, во 2018 година, само четири години откако му посакавме добредојде на милионитиот патник во 2014 година, истакна тој и додаде дека брзиот раст е резултат на додавање на нови авиокомпании и дестинации, додека од суштинска важност за ТАВ е да се задржи задоволството на патниците и квалитетот на услугите.
Од Скопскиот, но и од Охридскиот аеродром наскоро нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ ќе стартува неколку нови авиолинии, кои произлегуваат како обврска од договорот со Владата за субвенционирани летови. Така, за некој ден, на 19 и 20 овој месец стартува со летови од Баден-Баден, односно Бремен до и од Скопскиот аеродром, а во јули од Турку во Финска и од Ларника на Кипар. Се воведуваат и четири летови од Охрид каде што од средината на месецов ќе се лета за Малме и Милано, а во јули за Мемингем и за Дортмунд.
Лани преку аеродромите во Скопје и во Охрид беа превезени 2.351.585 патници, што претставува раст од 15 проценти во однос на 2017 година. Бројот на патници, како што информираат од ТАВ Македонија, бележи пораст и од почетокот на годинава. Во првите два месеца од годинава преку двата аеродрома се превезени 305.246 патници, што претставува седумпроцентен годишен пораст.