Синот на Тина Тарнер се самоуби


САД–  Најстариот син на поп-легендата Тина Тарнер (78), Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија.

Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на Неделата на висока мода во Париз.

Крег беше син на познатата пејачка и на познатиот саксофонист Рејмонд Хил. Од бракот со Ајк Тарнер, Тина има уште еден син.

Крег не се занимаваше со шоубизнис туку беше во бизнисот на недвижности.

Тина Тарнер веднаш по веста- од Париз отпатува за САД. Таа со својот сопруг Ерих Бах живее во Швајцарија.